Мурињо лут поради шпекулацијата околу Гонзало Игуаин

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлига Челзи, Жозе Мурињо, експресно ја демантираше пласираната шпекулација дека лондонските “сини” пред неколку дена испратиле официјална понуда до напаѓачот на Наполи, Гонзало Игуаин и истата била вредна околу 50 мил. фунти.
“Тоа не е точно. Не, не сме испратиле никаква понуда за Игуаин. Не, нема да испратиме понуда за напаѓачот на Наполи. Италијанскиот клуб сака да ја освои шампионската титула во Серија А, Наполи сака да го освои победничкиот пехар во Лига Европа. Убеден сум дека не се заинтересирани за таква продажба, Наполи не сака да го продаде најдобриот фудбалер. Сите во Челзи се свесни дека не можеме да го купиме Гонзало”, изјави трофејниот португалски стручњак.