Спорт

Мурињо му даде наредба и на селекторот на Белгија

Мурињо му даде наредба и на селекторот на Белгија

Со изјавата дека Еден Азар не смее да настапи на престојниот пријателски натпревар против селекцијата на Брегот на Слоновата Коска, контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи јавно покажа дека сака да го има последниот збор и кога е во прашање фудбалската репрезентација на Белгија.

“Мора да се одмори. Мислма дека селекторот на Белгија, Марк Вилмотс, нема да направи голема грешка ако го поштеди Азар. Еден не може да добие одмор кога го носи дресот на Челзи, но не мора да го игра секој пријателски натпревар за својата репрезентација. Има потреба од одмор и може да го добие од селекторот на Белгија. Јас морам да ги користам неговите услуги иако знам дека е многу уморен. Подобро е да игра, отколку да биде на клупата за резерви или во свечената ложа”, изјави трофејниот португалски стручњак.