Мурињо не сака да го споредува Клосе со Роналдо

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Чезли, Жозе Мурињо, повторно е во центартот на фудбалското внимание но сега поради изјавата дека Мирослав Колсе не може да се споредува со легендарниот репрезентативец на Бразил, Луис Назарио да Лима Роналдо.

Напаѓачот на германската репрезентација Мирослав Клосе стана најдобар стрелец во историјата на Светските фудбалски првенства. Клосе го постигна својот 16-ти гол на мундијалите во победата над Бразил (7:1) и сега е лидер на вечната листа на голгетерите со еден погодок повеќе од бразилскиот напаѓач Роналдо.
“И јас му симнувам капа на Мирослав Клосе. Јас ги почитувам неговите бројки, но има само една вистина, тој рекорд повеќе не е во сопственост на фудбалерот кој е веднаш зад Диего Армандо Марадона. Според мене, Роналдо е најдобриот фудбалер во последните две декади”, изјави португалскиот стручњак.