Мурињо: Неуспесите го прават Венгер специјален

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премирлигаш Чезли, Жозе Мурињо повторно е во центарот на фудбалското внимание и повторно поради изјавите кои се наменети за предводникот на градскиот ривал Арсенал, Арсен Венгер.

„Постојано гледа во дворот на Челзи. Бев убеден дека ќе се засити. Милсев дека од 2007 до 2013 години на Венгер ќе му здосади да гледа во дворот на Челзи, но се излажав. Слушва дека се плаши од неуспех. Што е неуспех? Дали е неуспех ако на крајот од сезоната не ја освоиш шампионската титула? Дали е неуспех ако две сезони по ред не ја освоиш шампионската титула? Венгер е ’специјален’, но само кога се во прашање неуспесите”, изјави трофејниот португалски стручњак.