Мурињо очекува маестрална игра од Вејн Руни

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо, повторно покажа и докажа дека се уште е опседнат со напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.

Трофејниот португалски стручњак се обиде пред шест месеци да ги осигура услугите на репрезентативецот на Англија, но единствената официјална понуда од Челзи за Руни експресно беше одбиена од раководните лица на Манчестер Јунајтед.
“Руни е во право со изјавата дека ова е неговиот Мундијал. Во вистински момент стартува Светското првенство во Бразил, во вистински момент за Вејн Руни. Руни е во најдобрите години, ја има улогата на лидер, ја има таа улога која ја има и во Манчестер Јунајтед. Мислам дека може да се носи со големиот притисок. Мислам дека може многу да профитира од фактот дека немаше добра сезона со неговиот клуб. Руни ја има улогата на роден победник, на фудбалер кој е навикнат да биде победник секоја сезона. Покажа знаци на глад, гладен е за успех, гладен е за погодоци. Јас верувам во Руни, убеден сум дека ќе успее во Бразил”, изјави Мурињо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.