Мурињо откри кога повторно ќе биде тренер на Интер

Самобендисаниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо откри дека после престојот на “Стемфорд Бриџ”, планира повторно да се врати во Италија каде ќе биде тренер на италијанскиот калчо гигант Интер.

“Во овој момент, јас сум среќен во Лондон, среќен сум на “Стемфорд Бриџ”. Сепак мојата иднина е во рацете на Роман Абрамович. Ќе дојде и тој ден кога Роман ќе стави крај на мојата авантура во редовите на Челзи. Кога ќе дојде тој ден, јас ќе ги спакувам моите куфери и ќе се упатам кон Италија. За мене е нормално да мислам на Интер. Пак ќе бидам тренер на Интер. За мене постои само Интер и ниту еден друг клуб кој се натпреварува во Серија А”, изјави португалскиот стручњак.