Мурињо побара голгетер со убиствен инстинкт

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо, повторно јавно си побара нов напаѓач кој мора да пристигне на “Стемфорд Бриџ” за време на летниот преоден рок и кој ќе има убиствен инстинкт.

“Имаме добри фудбалери, но немам напаѓач, кој нема потреба од многу простор, кој може со еден потрег да постигне погодок, кој знае да игра со кратки додавања, кој ќе ја отвори противничката врата. Имам потреба од напаѓач кој ќе ја отвори противничката врата, а ако ја отвори, тогаш Челзи сигурно ќе го добие тој натпревар. Ние немавме таков напаѓач во актуелната сезона. Челзи мора да победи како тим, мора да напредува како тим, но Челзи има потреба од напаѓач кој има убиствен инстинкт, кој ќе постигне многу погодоци и ќе го подигне тимот на едно повисоко ниво. Знам дека ќе се обидеме да ангажираме еден таков напаѓач за време на летниот преоден рок, но јас ги почитувам и тие напаѓачи кои ги имам на располагање”, изјави Португалецот.