Мурињо попушти – Карнеиро се враќа во медицинскиот тим на Челзи

Мурињо попушти - Карнеиро се враќа во медицинскиот тим на Челзи

По шестнеделна “војна” со Мурињо, докторката ќе се врати на терените за време на натпреварите. Карнеиро доби суспензија од Мурињо по мечот со Свонси откако таа влезе да му укаже помош на Еден Азар, потег кој Португалецот го нарече “глупав”.

По долгата пауза, како што тврди Тајмс, таа ќе се врати на својата работа утре, на дербито на Челзи против Арсенал во шестото коло од Премиер лигата, кое ќе се игра на Стемфорд Бриџ.