Мурињо потврди дека повредата на Торес не е наивна

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Чезли, Жозе Мурињо, веднаш по завршувањето на првенствената пресметка против екипата на Манчестер Јунајтед потврди дека повредата која ја заработил шпанскиот интернационалец, Фернандо Торес е од посериозна природа и дека брзоногиот напаѓач ќе мора да мирува во следните 30 дена.

„Пред неколку минути ме информираа дека го загубив Торес и тоа на неколку недели. Можно е да не биде во комбинација за игра во следните 30 дена. Станува збор за проблем со вкрстените лигаменти. Во следните неколку недели ќе морам да комбинирам со Ето и со Демба Ба. Се надевам дека двајцата ќе ги исполнат моите очекувања. Нормално дека сакам еден од моите фудбалери да биде избран за најдобар на натпреварот. Торес е поопасен кога се има повеќе простор за игра, а Ето кога противникот игра компактно, кога ги затвара сите приоди кон сопствениот гол. Ето е поопасен кога има само малку простор за игра”, изјави трофејниот португалски стручњак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.