Мурињо призна дека добил корпа од Модриќ

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо откри дека пред неколку недели се обидел да го договори трансфер на хрватскиот интернационалец од редовите на Реал (М), Лука Модриќ, но веднаш бил информиран дека одличниот играч за врска не е расположен за промена на клупската средина.

Благодарение на португалскиот стручњак, Модриќ во 2012 година се пресели на “Сантијаго Бернабеу”, откако неговиот тогашен клуб, Тотенхем го прифати понуденото обештетување од 33 мил. фунти.

„Имав приватен разговор со Модриќ, но не сакаше да дојде во Челси. Навистина ги ценам неговите квалитети, но тој останува во Реал Мадрид“, изјави Мурињо.

Во дресот на Реал (М), Модриќ има одиграно 104 натпревари, има постигнато шест погодоци, а може да се пофали и со 18 асистенции.