Бразил2014

Мурињо: Руни даде голема жртва за Англија

Мурињо: Руни даде голема жртва за Англија

И контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо е убеден дека селекторот на Англија, Рој Хоџсон има направено голема грешка кога е во прашање позицијата на брзоногиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, кој на дуелот против Италија играше на левата крилна позиција.

„Мислам дека таа позиција не му одговара на Вејн. Сепак, секој фудбалер мора да даде жртва, мора да се жртвува за својот тим. Вејн даде жртва за Англија, се жртвуваше за своите репрезентативни колеги. Секогаш, кога ќе се загуби еден многу важен натпревар, јавноста ја бара вината за поразот, ја бара кај некој фудбалер. Според мене, вината за поразот на Англија е кај одличниот тим на Италија. Руни одигра одлично, му асистираше на Стариџ кој постигна погодок. Сепак Руни не беше доволно опасен, играше на левата крилна позиција, а Руни е роден голгетер кој напаЃа по средина”, изјави португалскиот стручњак.