Мурињо се коцка со својата судбина – Челзи вечерва ќе игра без четири првотимци

Тери и Ивановиќ, заедно со Коста и Матиќ се "казнетите" кои вечерва нема да играат против Макаби Тел Авив

Казната за ваквите очајни игри е одлуката на менаџерот Жозе Мурињо за првиот натпревар од Лигата на шампионите, кој Челзи ќе го одигра вечерва против шампионот на Израел, Макаби Тел Авив да не смета на дури четири стандардни првотимци.

Од клупата или од трибините, натпреварот ќе го проследат Џон Тери, Бранислав Ивановиќ, Диего Коста и Немања Матиќ, а Радамел Фалкао не е ни во план поради повреда. Место нив, се очекува шанса да добијат Лук Реми, Рубин Лофтус-Чик и Баба Рахман. Нападот треба да го предводи Педро кој ќе дебитира за Челзи во Лигата на шампионите, но не се знае кој ќе му прави друштво.

Ваквиот потег на Мурињо е најблаго речено, играње со оган, бидејќи при евентуален кикс неговата позиција во клубот ќе биде доведена во прашање.