Мурињо се откажа од Луиз, Торес, Ето, Микел

Не само список со фудбалери чии услуги сака да ги има на располагање на стартот од новата сезона во англиската Премиер лига, контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо веќе го состави и списокот со фудбалери на кои ќе им биде покажана излезната врата од “Стемфорд Бриџ” на стартот од летниот преоден рок.

Трофејниот португалски стручњак веќе го информирал сопственикот на лондонските “сини”, Роман Абрамович дека во новата сезона нема да смета на услугите на Давид Луиз, Фернандо Торес, Самуел Ето, Ромелу Лукаку, Марко Марин, Ешли Кол, Демба Ба, Џон Оби Микел, Марк Шварцер, Ххиларио, Виктор Мозес, Рајан Бертрандм Гаел Какута и Џош Мекаран.

Најголема парична сума, Челзи ќе заработи од продажбата на бразилскиот интернационалец Давид Луиз за кого каталонскиот гигант Барселона веќе понуди околу 30 мил. евра, додека Фернандо Торес ќе биде продаден на првиот клуб кој ќе испрати официјална понуда не помала од 20 мил. евра.