недела, 23 април 2017  |  Вести денес: 35

Мурињо сепак потпиша за Манчестер Јунајтед

Жозе Мурињо потпиша пред-договор со Манчестер Јунајтед, јавува Дејли Експрес, повикувајќи се на информациите објавени на порталот Фудбал инсајдер.

murinjo-1

Поврзани вести

Жозе Мурињо потпиша пред-договор со Манчестер Јунајтед, јавува Дејли Експрес, повикувајќи се на информациите објавени на порталот Фудбал инсајдер.

Порталот тврди дека Мурињо по шест недели преговори ставил потпис на тригодишниот договор вреден 48 милиони британски фунти.

Според извори од клубот, Мурињо ќе се сели на Олд Трафорд ова лето, но не порано од тоа Засега се зборува дека поранешниот тренер на Челзи ќе заработува околу 308.000 фунти неделно.

Инаку Јунајтед под водство на Ван Гал стекна репутација на бавна неатрактивна игра, а изминатата сезона евидентни беа големиот број загубени натпревари. Синоќа Јунајсотед загуби 2-1 од данскиот клуб Мидтијаланд во европската лига, а надежта за вбројување меѓу четирите најдобри екипи во финишот на лигата е се понеизвесен.

Во моментов постојат надежи дека Мурињо ќе го врати Јунајтед на стариот познат пат и ќе ги поправи грешките на Ван Гал.

Најчитани вести