Мурињо со шокантно тврдење: На Азар му беше платено да го промаши пеналот!

Мурињо со шокантно тврдење: На Азар му беше платено да го промаши пеналот!
Мурињо со шокантно тврдење: На Азар му беше платено да го промаши пеналот!

Фудбалерите на Челзи новата сезона во Лигата на шампионите ја отворија со убедлив триумф над Макаби од Тел Авив со 4:0. Победата можеше да биде и поголема, доколу Еден Азар на стартот од мечот го реализираше ударот од белата точка.

Сепак, Жозе Мурињо има “логично“ објаснување за промашувањето на неговиот најдобар фудбалер.

Азар намерно го промаши пеналот. Платено му е за тоа со цел да го промовира Светското првенство во рагби, рече низ насмевка Португалецот на прес-конференција во Лондон.

Откако се пошегува, Мурињо продолжи со сериозен тон.

Тој е најдобриот изведувач на пенали во напиот тим и сигурен сум дека во некој од наредните натпревари ќе биде најдобар на теренот, бидејќи о него нема подобар во Премиер лигата, вели искусниот стртег.