Мурињо стави крај на приказната околу Занети

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо се обиде повторно да стави крај на сензационалната шпекулација дека легендарниот капитен на италијанскиот калчо гигант Интер, Хавиер Занети во новата клупска сезона ќе настапува на “Стемфорд Бриџ”.

„Никогаш не сме разговарале на оваа тема. Хавиер ми е доживотен пријател и таков ќе биде нашиот однос. Занети нема да го облече дресот на Челзи, нема да се пресели на “Стемфорд Бриџ”. Место на Занети е на Џузепе Меаца, тој е составен дел од Интер и таму ќе остане до крајот на неговата богата кариера”, изјави трофејниот португалски стручњак.