Мурињо удри по дефанзивците на Челзи

Видно изнервиран поради неочекуваниот пораз во Париз, но најмногу поради примениот погодок вп судиското продолжение, предводникот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо, по натпреварот против ПСЖ, јавно и остро ја критикуваше дефанзивната линија.

„Како смешна ќе ја дефинирам реакцијата на дефанзивната линија при третиот погодок на ПСЖ. Нема да ви кажам каква беше мојата реакција, нема да ви кажам што се има кажав на моите фудбалери по натпреварот. Некои работи мора да останат во соблекувалната. Игравме против голем тим, тим со одлични фудбалери, особено во напаѓачката линија. Очекувате тие фудбалери да постигнат некој фантастичен погодок, но не и такви какви што постигнаа на првиот натпревар во Париз. Моравме подобро да реагираме при првиот погодок, а за вториот и третиот сами сме виновни. Дефанзивната линија не одигра како што треба, бевме премногу бавни при последниот гол, почетничка реакција, смешна реакција од моите дефанзивци”, изјави трофејниот португалски стручњак.