Мурињо веднаш го пецна Лукаку

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо, веднаш го пецна белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку кој пред неколку часа си замина од “Стемфорд Бриџ” и потпиша 5-годишен договор со екипата на Евертон.

Трофејниот португалски стручњак откри дека Лукаку ја прифати понудата на Евертон откако му било соопштено дека не може да биде прв избор кога е во прашање нападот на лондонските “сини”.

“Лукаку никогаш не беше доволно ментално мотивиран. Не беше подготвен за реалната ситуација на “Стемфорд Бриџ”. Да, сакаше да игра и во дресот на Челзи, но сакаше да биде прв избор кога е во прашање напаѓачката линија. Во еден ваков клуб, каков што е Челзи, не е можно на еден фудбалер да му биде ветен статус на стандарден првотимец. Јас не можев да му ветам такво нешто на Лукаку. Ромелу не беше подготвен да се бори за својот статус на “Стемфорд Бриџ”. Не беше подготвен да се бори со конкуренцијата”, изјави Мурињо.