Мурињо вината за поразот за лоцираше кај Коуртуа

Видно разочаран поради непријатната елиминација во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони, контроверзниот менаџер на Челзи по натпреварот изјави дека најголем удел во големиот успех на Атлетико (М) има првиот голман на „јорганџии”, Тибо Коуртуа кој со фантатсична интервенција го одбрани ударот на Џон Тери.

„Во првото полувреме и двете екипи беа израмнети, но во вториот дел цел меч се смени за само две минути. Најпрвин ние имавме извонредна шанса, но Куртоа чудесно го одбрани ударот на Тери. Само две минути подоцна беше направен пеналот по што Диего Коста го доведе Атлетико во водство и со тој погодок го исфрли мојот тим од ритам. Атлетико потоа играше многу интелигентно, знаеше како да ја задржи топката, но и да го загрози нашиот гол, додека ние не успеавме да се вратиме во мечот, без оглед на обидите за такво нешто. Можам да искажам само почит за Атлетико, кој се покажа како извонреден тим во овој двомеч против нас. Моите играчи прикажаа одлична игра, не можам да им замерам за ништо, денеска бевме поразени од одличен ривал“, изјави Португалецот.