Спорт

Мурињо во голманска дилема

Мурињо во голманска дилема

Со одличните изданија позајмен во редовите на Атлетико Мадрид, чуварот на мрежата Тибо Куртоа се препорача за настап во Челзи.

Предводникот на составот од „Стемфорд Бриџ“, Жозе Мурињо, ќе може да избира меѓу белгискиот фудбалски репрезенативец и одличниот Петр Чех.

Искусниот чешки голман изјави дека е предобар за на клупата за резерви, што придонесува за дилемата на менаџерот од Португалија.

„Чех е наш фудбалер. Среќен сум со тоа што меѓу стативите ќе стои млад и талентиран или одличен искусен чувар на мрежата“, вели Мурињо.

Што се однесува до тоа кој ќе биде на голот за воведниот натпревар, Португалецот е досетлив.

„Кој и да бииде, ќе биде одличен. Челзи може да се пофали со двајца од тројцата најдобри голмани на светот. Тоа е дилема за мене, како и да е, одлични се“, заклучи менаџерот на лондонските „Сини“ за мемдиумите.