Мурињо збесна и распали по судиската организација

Не само за Манчестер Сити, фенерџијата на првенствената табела, тимот на Сандерленд се покажа како кобен и за вториот фаворит во борбата за шампионската титула, лондонскиот премиерлигаш Челзи.
Првенствената пресметка на „Стемфорд Бриџ”, заврши минимален триумф на гостинскиот тим од 2:1, а по натпреварот контроверзниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо распали со судиската организација во англиската Премиер лига.

„Имам да кажам четири работи. Им честитам на своите фудбалери затоа што дадоа се од себе, и што можеа – и што не можеа. Им честитам на фудбалерите на Сандерленд за победата. Му честитам на судијата Мајк Дин, затоа што имаше фантастичен настап. Му честитам и на Мајк Рајли за се она што го правеше целава измината сезона, а беше фантастично за шампионатот. Затоа, им честитам на сите, и немам што друго да кажам. Жал ми е“, изјави Португалецот.

Челзи сега има само теоретски шанси кога е во прашање шампионската титула, а Мурињо стави крај на серијата од 77 натпревари без пораз на “Стемфорд Бриџ”.
Фудбалерите на Ливерпул ќе бидат на само еден чекор од шампионскиот пехар доколку денеска забележат триумф во првенствената пресметка против домашниот тим на Норвич кој грчевито се бори за опстанок во елитното друштво.

Резултати: Тотенхем – Фулам 3:1, Астон Вила – Саутемптон 0:0, Кардиф – Стоук 1:1, Њукасл – Свонси 1:2, Вест Хем – Кристал Палас 0:1, Челзи – Сандерленд 1:2.