Спорт

Муса Сисоко нов личен рекорд

Муса Сисоко нов личен рекорд

Муса Сисоко постави одличен рекорд во досегашниот дел од сезоната во Премиер лигата.

Фубалерот на Њукасл во дуелот од октомври претходната година, против Лестер запиша резултат од 35,3 километри на час.

Со тоа зад себе ги остави Вилфред Заха, Стјуард Даунинг, Марсин Василевски, Рахим Стерлинг.

Според статистиката на ввесникот „Дејли мејл“ одличниот Заха во дуелот меѓу Кристал Палас и Стоук трчаше со брзина од 35,2 километри на час.

Врвен резултат од 35,1 киломтери на час запишаа Даунинг од Вест Хем и Василевски од редовите на Лестер.

Младиот Рахим Стерлинг од Ливерпул, Ерик Дајер од Тотенхем и Кристијан Гомбоа од Вест Бромвич Албион во претходните натпревари трчаа со брзина од 35 километри на час.