Мусака од тиквички и модар патлиџан

Оваа мусака од сезонски зеленчук и сирење ќе биде вашиот совршен ручек ова лето.

Состојки:

  • 350 грама зелени тиквички
  • 300 грама модар патлиџан
  • 300 грама црвени домати
  • 600 грама моцарела сирење
  • 0,5 л павлака за готвење
  • 1 жолчка од јајце

Подготовка:

Тиквичките и модриот патлиџан исечете ги на долго на половина сантиметар дебели парчиња. Посолете ги, пропржете ги од двете страни и ставете ги на хартија да го впијат маслото.

Доматите исечете ги на кругчиња и оставете ги да се исцедат.

Изрендајте ја моцарелата; измешајте ги жолчката и павлаката. Во премачкан плех со масло наизменично наредете ги тиквичките, сирењето, модриот патлиџан, и на врвот ставете домати.

Прелејте со павлака и печете в о рерна на 180 степени од 45 до 50 минути.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.