Свет

Муслиманка не добила лименка со сок во авион, за да не ја искористи како оружје

Муслиманка не добила лименка со сок во авион, за да не ја искористи како оружје

Авиокомпанијата Јунајтед Ерлајнз се соочува со поплака од корисници поради дискриминација на патничка музлиманка. На Тахера Ахмад на лет во САД екипажот одбил да и даде неотворена лименка со сок. Стјуардесата изразила уверување дека таа ќе ја искористи лименката како оружје, пишува Раша Тудеј.

Ахмад патувала од Чикаго во Вашингтон на конференција за промоција на дијалогот помеѓу младите во Израел и Палестина.

За време на летот таа побарала од стјуардесата лименка со сок.

Како што напиша Ахмед на нејзиниот профил на социјалните мрежи, стјуардесата одговорила:

„Жал ми е, но вам неможам да ви дадам неотворена лименка “.

По неколку минути, на патникот што седел веднаш до неа му била дадена лименка со пиво. По ова Ахмед ја прашала стјуардесата зошто и таа неможе да добие неотворена лименка на што добила одговор:

– Не ни е дозволено да даваме неотворени лименки бидејќи патниците може да ги искористат како оружје“.

Ахмад исто така вели дека по слетувањето на авионот добила извинување од пилотот и тој ја однел до бирото на аеродромот за да поднесе поплака.

фото:Reuters