Муслиманките од Велика Британија повикани да ги вратат мажите од војна

Британската антитерористичка полиција упати апел до муслиманките во Велика Британија да ги одвраќаат мажите од војување во Сирија.

Дури ќе бидат одржани и специјални сесии со средби и разговори меѓу жените и шефовите на британските специјални полициски сили.

– Наша цел не е да се изврши криминализација на овие луѓе, туку да се намали бројот на убиените на сирискиот фронт, изјави претставник на британската антитерористичка полиција.

Преку 400 британски муслимани досега отпатувале во Сирија за да се борат  против Асад и неговата власт. Се верува дека околу половината од нив се вратиле во Велика Британија идеолошки радикализирани и војнички обучени, не само за војување, туку и за изведување терористички напади.

Досега се убиени преку 20 британски муслимани, меѓу кои има и многу млади луѓе на тинејџерска возраст.