„Муслимански браќа“ го осудија нападот во Мансур

Египетското движење „Муслимански браќа“ го осуди бомбашкиот напад врз полициска станица во египетската област Дакахлија, при што загинаа најмалку 12 лица, а повеќе од 100 беа повредени, пренесе „Ројтерс“.

„Муслиманските браќа остро го осудуваат нападот врз полициската станица во градот Мансур. Ние го сметаме ова дело за директен напад против единството на египетскиот народ и инсистираме да се спроведе темелна истрага“, се вели во соопштението на движењето.