Муслиманско семејство убиено во Северна Каролина

Тричлено муслиманско семејство е убиено од огнено оружје во својот дом во мирна населба во Северна Каролина.

Во пукањето се убиени 23-годишниот Деа Шеди Баракат, неговата 21-годишна сопруга Јусор Мохамед и нејзината 19-годишна сестра Разан Мохамед Аби-Салха.

Жртвите се пронајдени убиени во својот дом, а некои од жителите на околните станови не биле ниту свесни за инцидентот до доаѓањето на полицијата.

Полицијата го уапси Крег Стивен Хик (46) под сомневање дека го извршил тројното убиство од прв степен, во населбата во која претежно живеат универзитетски професори и студенти.

Тројното убиство предизвика бран бес на социјалните мрежи, каде луѓето објавуваа фотографии од жртвите како играат кошарка, со коментари дека се убиени во „стил на егзекуција“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.