Мустафа: Ќе продолжи дијалогот со Белград

Новиот премиер на Косово Иса Мустафа изјави дека неговата Влада ќе се ангажира за економски развој, јакнење на правосудството, борбата против криминалот и корупцијата и било каков вид екстремизам, но и за продолжување на дијалогот со Белград, пренесе МИА. 

Мустафа во интервју за „Гласот на Америка“ изјави дека владата ќе работи на спроведување на постигнатот договор во Брисел.

– Ние сме заинтересирани разговорите да се одвиваат и колку што е можно да се релаксираат односите со Србија и српската заедница во Косово, изјави Мустафа, додавајќи дека создавањето на добри односи со српската заедница ќе влијае и на односите со Србија.

Мустфа, исто така, истакна дека Косово ќе ги продолжи разговорите во форматот изграден во Брисел и на Косово.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.