Мустафа нема да се сретне со Вучиќ додека ЕУ не ги укине визите

Мустафа нема да се сретне со Вучиќ додека ЕУ не ги укине визите
Мустафа нема да се сретне со Вучиќ додека ЕУ не ги укине визите

Косовскиот премиер Иса Мустафа нема да се сретне со српскиот колега Александар Вучиќ се додека ЕУ не ги укине визите за косовските граѓани, иако средбата меѓу двајцата премиери е планирана за крајот на месецов, објави српската телевизија РТС.

Ова го изјавил советникот на косовскиот премиер, Бајрам Гецај, нагласувајќи дека тоа е ставот и на целата Влада, која очекува претставниците на ЕУ да покажат разбирање.

Приштинските медиуми соопштија дека Мустафа ја информирал за своите намери и директорката на ЕУ за Западен Балкан и Турција, Ангелина Ајхорст.

Тој нагласил дека косовските институции ги исполниле сите критериуми и препораки на Унијата за визна либерализација.