Балкан

Мустафа: Тачи ќе стане претседател на Косово во 2016

Мустафа: Тачи ќе стане претседател на Косово во 2016

Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави дека неговиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК) ќе се придржува кон договорот за владината коалиција, потврдувајќи на тој наин дека Хашим Тачи во 2016 година ќе биде избран за претседател на Косово, пренесе МИА.

Мустафа нагласи дека прашањето за шеф на државата не се регулира преку владин план, но оти ова нешто е регулирано со договорот за владина коалиција.

– Ова прашање не се регулира преку владин план, но тоа е регулирано со нашиот договор за коалиција и ние целосно се придржуваме кон одговорностите и обврските кои ги превзедовме со договорот, изјави Мустафа.

Мандатот на актуелната претседателка на Косово, Атифете Јахјага истекува во јуни следната година. Имаше иницијативи чефот на државата на биде избиран на непосредни избори од страна на косовските граѓани, но сепак останува и новиот претседател да го избера Парламент.