Муштерија претепал аптекар зашто не сакал да му даде дијазепам без рецепт

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 30-годишниот С.С. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда.

Според полицијата, С.С. на 28-ми декемви 2017 година околу 11 часот во Куманово во аптека на улица „Веселин Маслеша“ физички го нападнал вработениот 43-годишниот Д.Ѓ. затоа што не му дал ампули дијазепам без рецепт.

Откако вработениот не му ги дал ампулите, С.С. излегол надвор и со камен го скршил прозорецот од аптеката, а потоа физички го нападнал вработениот, при што му нанел тешки телесни повреди.

После тоа, Д.Ѓ. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Куманово, а потоа поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.