Мутиран вирус- причина за смртта на Кемал Монтено

Како што неофиџијално дознава српски Телеграф, Кемал Монтено починал од вирус, кој во рок од само два дена предизвикал големи здравствени проблеми со смртен исход.

Извор на Телеграф близок до Монтено вели:

– Кемал пред неколку дена добил вирус, најверојатно мутираниот грип кој му се заканува на регионот. Тој последниве неколку години имал здравствени проблеми и во неколку наврати завршил во болница, но од октомври состојбата му се поправи. Пред десетина дена се слушнавме и ми најави дека ќе оди на турнеја, вели изворот.