Музички видеа на студенти по сонологија

Факултетот за музичка уметност во Скопје денеска ќе промовира четири музички видеа во аудио и видео реализација на студентите од одделот за сонологија со мултимедија, Мајда Бошњак, Јана Серафимова, Костадинка Троковска, Блерим Ќамили, Пеце Нешковски, Илија Грковски, Нестор Черепналковски и Дејан Трајкоски.

Во видеата настапуваат флејтистите Биљана Камчева, Даниела Петкоска, проф. м-р Страшо Темков и обоистката Танкица Митева со изведба на дела за соло инструмент од Томислав Зографски, Георг Филип Телеман, Кржиштоф Зграе и Бенџамин Бритн.

Се претставуваат и студентите од Катедрата за балетска педагогија – Ема Величковска, Кристијан Јангоски, Викторија Илиоска, Елена Ристеска, Бојана Додевска, Елизабет Колевска, Ангела Јордановска и Бистра Делиниколова во кореографија на доц. д-р Искра Шукарова, како и сликарката доц. м-р Јана Јакимовска.

По проекцијата музичките видеа ќе бидат поставени и ќе може да се видат на страницата на Архивот Бужаровски http://www.mmc.edu.mmk/.

Одделот за сонологија со мултимедија на Факултетот за музичка уметност го водат доц. д-р Трена Јорданоска и проф. д-р Димитрије Бужаровски.

Извор: МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.