МВР: 110 лица прокруимчариле 370 мигранти минатата година

Минатата година 370 мигранти нелегално влегле на територијата на Македонија со помош на 110 Македонци кои поради тоа си заработија и кривични пријав.

Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека во делот на илегалната миграција во текот на минатата 2013 година евидентирано е зголемување за 46 осто на овој вид кривични дела. Според статиситчките податоци во 20013 се откриени се 52 кривични дела „криумчарење  мигранти“ сторени од 98 сторители и пет дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење мигранти“  сторени од 22 сторители.

Годината пред тоа, во 2012 биле регистирани 39 обиди за круимчарење на мигранти од страна на 70 стотители.

Според реализираните случаи на криумчарење мигранти Република Македонија воглавно останува транзит земја, односно мигрантите илегално ја поминуваат грчко – македонската граница, а потоа со такси превозници се упатуваат кон северната граница, додека од вкупно 370 идентификувани мигранти , од кои 46 отсто се авганистански, пакистански, и сиријски државјани.

Најголемиот број сторители на овие дела се македонски државјани, само осум сторители се странски државјани и тоа по двајца бугарски и романски и по еден пакистански, судански, германски и косовски државјанин, додека во еден случај сторителот е со двојно државјанство.

Од МВР појаснуваат дека се откриени две криминални групи и тоа: 20 – члена криминална група (еден државјанин на Судан) организирала канал за криумчарење мигранти, преку Р Македонија, наплаќајки од 120-200 евра по лице за транспорт од Р Грција до Кумановскиот регион каде биле засолнувани, а потоа за износ од 300 евра по мигрант во договор со членови на криминални групи од Р Србија илегално ги префрлувале во Р Србија, од каде заминувале во Европската Унија. На овој начин успеале да прокриумчарат повеќе од 250 мигранти по потекло од Авганистан, Пакистан, Судан, Сирија и други арапски и африкански земји.

Втората група е составена од шест членови кои во нивните домови сместувале и засолнувале мигранти по потекло од афро-азиските земји, се до нивно илегално префрлување во Р Србија. При извршени претреси во нивните домови во с.Лојане  пронајдени се 34 мигранти по потекло од Авганистан, Сомалија, Алжир, Бангладеш, Мали, Гвинеја, Сиера Леоне и Руанда.

Зголемување за  трипати е регистрирано и кај откриените 13 кривични дела „злоупотреба на безвизен режим со државите членки на Европската Унија и Шенгенскиот договор“ сторени од 19  сторители. Сторителите се македонски државјани кои со патнички возила за износ од 200 или 250 евра по лице им организирале транспорт на 119 наши државјани-потенцијални баратели на азил чија крајна дестинација била Германија, Франција, Холандија. Излез од државата најчесто остварувале преку северната граница, односно на ГП Табановце.

Треба да се издвои случајот во кој сторителот освен за делото „злоупотреба на безвизниот режим“ е пријавен и за „трговија со малолетно лице“. Пријавениот сторител е македонски државјанин кој искористувајќи ја лошата економска состојба на семејство од Македонија им обезбедил транспорт до Белгија каде требало да бараат азил, а откако од страна на семејството не му бил исплатен договорениот паричен надомест, истиот им ја одзел малолетната ќерка и за 5.000 евра ја дал продал на лице од Белгија.