МВР апелира да се протестира мирно и да не се уништува имотот

Двајца адвокати од Штип го оштетиле МВР со лажни побарувања

Министерството за внатрешни работи апелира да нема никакво насилство на протестите што секојдневно се организираат.

Секој има право да го изрази својот револт и незадоволство, но тоа мора да биде ненасилно, мирно. Да не се уништува имотот, без разлика дали е државен или приватен. Да не се напаѓа полицијата затоа што таа е тука да ја чува безбедноста и стабилноста. МВР апелира до граѓаните да ја третираат македонската полиција како партнер, како чувар на нивната безбедност, соопшти МВР.