МВР: Безбедносната состојба во Македонија е под контрола

Од МВР информираат дека истрагата во врска со нападот на зградата на владата продолжува со обезбедување соодветни докази за утврдување на идентитетот на сторитерлот или сторителите, нивно пронаоѓање и изведување пред лицето на правдата, пренесе МРТ.

Безбедносната состојба во Македонија е под контрола, тврдат од полицијата откако со допис до медиум на албански јазик нападот врз владината зграда го презеде таканаречената Национална ослободителна армија.

Од МВР информираат дека истрагата во врска со нападот продолжува со обезбедување соодветни докази за утврдување на идентитетот на сторитерлот или сторителите, нивно пронаоѓање и изведување пред лицето на правдата. МВР и обвинителството работат на сите сознанија кои може да помогнат во истрагата.

– Досега немаме забележано ноту лице ниту пак лица коишто претставуваат некаква посериона безбедносна закана. Не би можеле да коментираме околу сериозноста или несериозноста на некои поединци и групи коишто стојат зад компјутери и испраќаат соопштенија, но доколку има каква било посериозна опасност подготвени сме да реагираме. Доколку биде забележано каде и да е лице или лица полицијата соодветно ќе постапи, вели во изјава во МРТ Иво Котевски, помошник министер за односи со јавност во МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.