МВР до општина Центар: „Откривањето детали и штети на истрагата“

МВР со реакција до општина Центар во врска со произнесувањето детали за осомничените за кражба, додека истрагата се уште трае.

„Министерството за внатрешни работи не сака да навлегува во мотивите заради кои општина  Центар одлучи да ги предупреди осмничените дека е можно да се обезбедени докази против нив, но сака да предупреди дека секое изнесување на какви било детали од преземените мерки и наштетува на истрагата. Дали се обезбедени отпечатоци или какви било други докази, се податоци кои е несериозно да се објавуваат во тек на истрагата“, стои во соопштението.

Од Министерството апелираат институциите да се држат во рамки на своите ингеренции.