МВР донесе 13 решенија против свои вработени

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, Министерството за внатрешни работи донело 13 решенија против 13 свои вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето.

Како што соопшти МВР, притоа, на девет вработени им е изречена мерка „парична казна“ на еден вработен мерка  „запирање на постапката“, на двајца вработени мерка „откажување на договор за вработување“ и на еден вработен му е изречена мерка  „отказ“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.