МВР го одбележа светскиот ден за борба против оружје

Министерството за внатрешни работи, правда и комисијата за уништување на наркотични дроги ја продолжија практиката на денот на борбата против оружје да се уништи запленетето оружје и дргоа од завршените судски процеси. Процесот на уништување на дрога и оружје е помогнат од Обединетите нации и Европската унија и денес биле уништени 782 парчиња оружје и повеќе од 215 килограми дрога во печките на комбинатот Југохром во тетовско Јегуновце.

Како што пренесоа медиумите, на чинот на уништување на оружјето и дрогата присуствуваа и министерската за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, како и претставничката на Обединетите нации, Луиза Витон.

„За разлика од лани има повеќе уништено, што се должи на поголемиот број откриени дела поврзани со дрога и оружје. Во текот на втората половина од 2013 и во шесте месеци од 2014 откриени се 625 кривични дека од областа на недозволена трговија и производство на дрога со вкупно пријавени 767 сторители, истакнала министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.