четврток, 16 февруари 2017  |  Вести денес: 12

МВР: Истекува рокот за замена на дозволите за поседување и носење оружје

До 12 април граѓаните и правните лица кои поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барање за нивна замена.

118210950

Последни вести

Рокот за замена на дозволите за поседување и носење оружје, овластувањата за носење на оружје и дозволите за поседување на оружје издадени истекува на 12 април годинава, информира Министерството за внатрешни работи.

– До наведениот рок граѓаните и правните лица кои поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барање за нивна замена. Барањето треба да биде поднесено во Министерството за внатрешни работи, Оддел за граѓански работи, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност, Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи според место на живеење на физичкото лице, односно седиште на правното лице, соопшти МВР.

Најчитани вести