МВР: Изборниот ден поминува во мирна, фер и демократска атмосфера

Главно мирно и во фер и демократска атмосфера поминува денешниот изборен ден, информираат од МВР.

Помошникот министер за односи со јавност, Иво Котевски, истакна дека согласно добиените информации од регионалните штабови на министерството и полициските станици, изборниот ден поминува без посериозни инциденти.

Помали инциденти се пријавени вчера, меѓу кои и помали оштетувања на штабови на политички партии во неколку градови во земјава.

Денеска е регистрирано едно нарушување на изборниот процес во струмичкото село Смоларе, кога бил нападнат член на избирачкиот одбор на избирачкото место 1782 во 7:30 утринава.

По брзата полициска интервенција, приведени се две лица, а гласањето продолжило по 10-минутна пауза.