МВР издаде 2.208 потврди за барање за азил

Издадени нови 616 потврди за поднесување барање за право на азил
Издадени нови 616 потврди за поднесување барање за право на азил

Министерството за внатрешни работи изминативе три дена врз основа на измените и дополнувањето на Законот за Азил, издаде 2.208 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија.

Како што соопшти МВР, во периодот од 19 јуни до 20 јули во 8 часот издадени се потврди на вкупно 16.519 странски државјани, од кои, 12.230 се од машки пол, 2.146 се од женски, 1.998 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 145 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија -12.134, потоа Авганистан -1.360, Ирак -892, Пакистан -557, Сомалија -391, Палестина -349, Конго -254, Камерун -100, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 20 јули до Одделението за азил се поднесени 32 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 23 барања се од државјани на Сирија за азил од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко и Алжир и по едно барање од државјани од Египет и Ирак.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 20 јули се евидентирани вкупно 11 баратели на азил, баратели на азил жени и малолетни баратели на азил не се евидентирани во дневниот регистар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.