Македонија

МВР ја потврди смртта на командантите Нато и Бегу

МВР ја потврди смртта на командантите Нато и Бегу

Едни од главните водачи на терористичката група во Куманово, Мирсад Ндрецај, алијас командант НАТО и Бег Ризај, командат Бегу, и двајцата државјани на Косово, како и  Нусред Каљоши, кој е македонски државјанин се убиени во полициската акција, потврди денеска помошник министер за односи со јавност на МВР, Иво Котевски во изјава за МРТ.

Идентитетот на тројца од терористите убиени во акцијата во Куманово е потврден преку  Интерпол.

Преку Интерпол, исто така потврден е и идентитетот на едно од приведените лица. Станува збор за Сами Укшини, алијас командант Соколи.

Имено, во судирот меѓу полицијата и терористичката група во Куманово животот го загубија осум припадници на МВР, а триесетина беа повредени.