Македонија,Крими хроника

Кумановска Полиција МВР кривично гони петмина млади за хакирање „Фејсбук“ профил

МВР кривично гони петмина млади за хакирање „Фејсбук“ профил

Кумановската полиција поднела кривична пријава против петмина млади лица, со која кривично ги гони бидејќи хакирале профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ на свој врсник.

Двајца од осомничените се гонат кривично за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем, додека тројца се товарат за соизвршителство.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против  А.Д. (22) и В.И. (24), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”. Против Ј.Д. (21) од Куманово, М.И. (22) од Велес и Н.Т. (21) од селото Старо Нагоричане поднесена е кривична пријава за „соизвршителство”.

На 27 ноември, годинава, Ј.Д., по претходен договор со А.Д. (22), на телефонски апарат на оштетеното лице го забележала потребниот код за почнување постапка за преземање на нечиј профил. Кодот го пратила на А.Д., кој заедно со В.И. и Н.Т.  ја продолжиле постапката за преземање на „Фејсбук“ профилот. Откако телефонски ги добиле потребните кодови од страна на М.И., А.Д. ги внел на предметниот „Фејсбук“ профил, по што профилот бил преземен, се вели во информацијата на полицијата.