Македонија

МВР: Лага повторена и по 102 пат не може да стане вистина

МВР: Лага повторена и по 102 пат не може да стане вистина

Новото продолжение на измислената афера за правдање на изборниот пораз со 200 000 фалсификувани патни исправи е под работен наслов „До каде може да отидат некои медиуми со манипулациите, бранејќи ги партиските приказни кои наидоа на потсмев кај експертите и јавноста“, стои во соопштението на МВР.

– Лага повторена и по 102 пат не може да стане вистина. Добро е што Либертас се обидува да избега од несериозната конструкција на наводна фабрика за изработка на 200 000 фалсификувани македонски патни исправи. Лошо е што повторно со лага и манипулација, еден медиум се обидува да го поврзе со случајот „Орион“ со кој што измислената афера на СДСМ нема никаква допирна точка. Во случајот „Орион“ немаше фалсификувани македонски патни исправи. Вистината е дека МВР во соработка со германската полиција ја реализираше Оперативната обработка „Орион“. За време на истрагата од страна на германските полициски органи беа обезбедени 48 лични документи (пасоши, лични карти, возачки дозволи и др.), од повеќе држави  (италијански, бугарски, белгиски, холендски, грчки, словенски, фински и др.) наменети за 38 лица, кои биле изработени во Македонија и потоа испратени на повеќе различни адреси во Германија. Изработката на овие документи чинела од 800 до 1500 евра, а на купувачите требала да им овозможи да си го регулираат престојот во ЕУ, соопштува МВР.

Факт: Боси нозе нема, гласно викање нема, фалсификувани македонски пасоши нема. Тоа не може да се скрие со непрофесионално скратени и извадени од контекст тонски парчиња од прес конференција. Јавноста може да го прочита целокупниот материјал од МВР наhttp://mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=12905&mid=1367&tabId=358&tabindex=0

Целата лага и конструкција излегуваат на виделина. Соочувањето со вистината и срамот секогаш е болно. Во тоа не може да помогне ниту промената на тезата дека Фокус не открил криминал, туку сега пријавувал некакви индиции и сугерирал можен криминал.

Повторуваме. Пријава за злоупотреба на фалсификувана исправа во Република Македонија нема. Нема пријава за злоупотреба на фалсификува патна исправа ниту од странство. Не можеме да исклучиме дека црвените картончиња биле испечатени само за да биде доведена во заблуда јавноста преку некои медиуми па потоа уништени.

Остануваме отворени доколку СДСМ, Фокус или кој било друг медиум има сомнение дека некој некаде употребил фалсификувана исправа, случајот веднаш да го пријави.