МВР лиши од слобода четири лица за одлежување на затворски казни

На 20.10. 2014 година, постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода лицето Ренат Х. (36), од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од шест месеци, за сторено кривично дело “кражба”. Истиот е спроведен во ПС„Чаир“ за понатамошна постапка.

На 20.10. 2014 година, постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода лицето Никола П. (31), од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од шест месеци, за сторено кривично дело “телесна повреда”. Истиот е спроведен во ПС„Карпош“ за понатамошна постапка.

На 20.10. 2014 година, постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода лицето Нусрет А. (30), од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од две години, за сторено кривично дело “тешка кражба”. Истиот е спроведен во ПС„Гази Баба“ за понатамошна постапка.

На 20.10. 2014 година, постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода лицето Али У. (43), од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од четириесет дена, за сторено кривично дело “загрозување на безбедноста на сообраќајот”. Истиот е спроведен во ПС „Чаир“ за понатамошна постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.