Македонија

МВР минатата недела открила 20 илегални мигранти

МВР минатата недела открила 20 илегални мигранти

Министерствотот за внатрешни работи во текот на минатат недела во три одвоени случаи на криумчарење мигранти поднесе кривични пријави против три лица, а при расчистувањето на случаите откриени се вкупно 20 илегални мигранти од кои петнаесет државјани на Сирија, двајца од Нигерија и Иран и едно лице од Палестина кои илегално влегле во Република Македонија со намера потоа да продолжат кон западноевропските земји.

Во првиот случај кривично пријавени се лицата Ј.Б.(22) и Е.И.(16) двајцата од Скопје поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело “криумчарење мигранти”. Имено на 13.08.2014 година во 03,00 часот во местото викано „Островот“ на автопатот во близина на Неготино во правец на движење кон Скопје, од страна на патролните тимови на ПС за ГН и ГП „Богородица“ приметени се три патнички моторни возила кои застанале и при обид да истоварат мигранти, фатено е само едно возило „Цитроен саксо„ со скопски регистарски ознаки управувано од пријавениот Е.И., во возилото се пронајдени четири лица илегални мигранти на возраст од 25 до 37 години од Сирија и Палестина. Пронајдените мигранти пријавениот ги качил во близина на границата со Р.Грција, поточно кај бензинска пумпа непосредно пред границата со Р.Грција со намера од користољубие истите да ги превезе до Скопје и за турата да му бидат платени 500 евра од лице од Србија, а кои пари требале да му пристигнат по Вестерн Јунион. Другите две возила се дале во бегство, при што после Неготино на автопатот во правец кон Скопје направен е обид за сопирање на второто возило “Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки, но истото не запрело и по кратко возилото е пронајдено на патот, во него е затекнат првопријавениот додека мигрантите успеале да избегаат.

Од страна на судија за претходна постапка на првопријавениот му е изречена мерка притвор во траење од осум дена, а на второпријавениот мерка притвор во траење од 30 (триесет) дена,

Во вториот случај поднесена е кривична пријава против Р.И.(20) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело “криумчарење мигранти”. Имено на 08.08.2014 година во 02.30 часот од страна на полициска патрола на ПС за ГН и ГП Богородица во месноста „Авлаќ„ во нелегално превезување откриен е пријавениот со патничко моторно возило „Форд Транзит„ со тетовски регистарски ознаки во кое превезувал пет лица од Сирија на возраст од 24 до 31 година. Пријавениот претходно контактирал со лице кое работи во Р.Грција за превезување на мигранти од Гевгелија до српската граница за одредена сума на пари, при што се договориле ноќта на 07.08.2014 година да биде на местото Авлаќ и да преземе одреден број на лица мигранти. При даден знак возилото да сопре истиот продолжил со возење околу 5 километри и пред бензинската пумпа кај с.Смоквица застанал со возилото и се дал во бегство упатувајки се во непознат правец. Од страна на судија за претходна постапка му е изречена мерка притвор во траење од осум дена.

Во третиот случај на 15.08.2014 година во 05.15 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на с.Смоквица, од страна на патролен тим од ПС за ГН и ГП Богородица забележани се две возила во движење при што при обид истите да бидат сопрени патничкото моторно возило ја зголемило брзината и се дало во бегство додека товарното моторно возило “фап” со струмички регистарски ознаки застанало и од истото непознат возач и поголема група лица се дале во бегство. Во возилото се затекнати единаесет лица кои оствариле илегален влез во Р. Македонија, на возраст од 18 до 37 години од Сирија, Нигерија и Иран. Во близина на с. Милетково е пронајдено и другото возило “волво” со скопски регистарски ознаки кое се дало во бегство при што во него не се пронајдени лица. Се преземаат мерки за пронаогаѓе на лицата кои ги управувале возилата.