МВР: Министерството нема распишано нов оглас за прием на нови кадри

Министерството за внатрешни работи, ги демантира написите на неколку интернет портали кои денеска објавија оглас на МВР за прием на 600 полициски службеници.

Во продолжение го пренесуваме целиот демант интегрално:

Во текот на денешниот ден (20.06.), на неколку интернет портали беше објавено дека Министерството за внатрешни работи распишува оглас за прием на 600 полициски службеници, кој всушност е објавен на 10.06.2015 година и моментално е во завршна фаза (избраните кандидати за полицајци се пред крај на обуката за оспособување).
Ги информираме граѓаните дека станува збор за дезинформација и дека Министерството за внатрешни работи нема распишано нов оглас за прием на нови кадри и апелираме дека доколку во иднина се објави нов оглас,  за истиот во транспарентна постапка, ќе бидат информирани преку дневните весници, на официјалната веб страна на Министерството и преку медиумите за јавно информирање како и досега.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.