МВР на Украина изврши кадровски промени

Во Министерството за внатрешни работи на Украина беа спроведени бројни кадровски промени, пренесе „Интерфакс“.

Во рамките на реконструкцијата е отпуштен началникот на одделот за јавна безбедност Алексеј Крикун, а на негово место е назначен Виталиј Ошовскиј.

На чело на одделот за внатрешна безбедност застанува Виталиј Јаловенко, по отпуштањето на досегашниот шеф Александар Тулаев.

Отпуштен е и началникот на Главната управа на МВР на Украина во Киев, Валериј Корјак, кој ќе биде заменет од Јуриј Мороз.

Директорот на Државната сообраќајна инспекција Владимир Астапкович му го отстапува место на Анатолиј Сиренко.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.