МВР не одговара дали сѐ уште ги користи возилата набавени на тендерот за кој е осуден Поповски

Министерството за внатрешни работи веќе десет години ги користи возилата набавени набавени на тендер во 2008 година за кои што е отворен предметот „Триста“, но актуелното раководство на овој безбедносен ресор избегнува да одговори на новинарските прашањата дали тие возила сѐ уште се во упореба, иако поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, во предметот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство беше осуден на казна затвор во времетраење од девет години.

Со овие возила се вршат увиди, се реализираат претреси, се врши обезбедување и сите останати полициски задачи. Според информации од полицијата, дел од овие возила во почетокот биле позајмени и користени за потребите на Специјалното јавно обвинителство, пишува во вторникот порталот Република.мк.

Ѓоко Поповски ниту ги присвоил, ниту, пак, со нивната набавка за себе присвоил некаква материјална корист. Сепак, судијката Добрила Кацарска процени дека Поповски мора да врати и 500.000 евра за овие возила. Заедно со предметот „Тенк“, во само два дена, Добрила Кацарска на поранешниот заменик министер во МВР му изрече пресуда во времетраење од 15,5 години, а кој ниту прибавил имотна корист за себе или некој друг, ниту, пак, направил реална штета, имајќи предвид дека набавените возила се во сопственост на државата и се користат од институциите.

Во интерес на точното и објективно информирање „Република“ побара одговори од МВР:

1. Дали МВР сѐ уште ги користи возилата набавени на тендерот реализиран во 2008 година кога беа купени 309 автомобили?

2. Дали и колку од овие возила се расходувани/повлечени од употреба?

3. Дали дел од возилата набавени на истиот тендер се отстапени на СЈО?

4. Дали постои договор за отстапување на возилата потпишан помеѓу МВР и СЈО и кои се потписници на договорот?

 

По поминати повеќе од 24 часа од Министерството за внатрешни работи, порталот сѐ уште чека на одговори.

Одбраната на Поповски во завршните зборови пред судот потенцираше дека ова е еден типичен израз на политичка одмазда кон сите кои биле некакви функционери од претходната политичка гарнитура.

„Тоа што МВР се чувствува оштетено по десет години возење на набавените возила, е само еден типичен израз на политичка одмазда кон сите кои биле некакви функционери од претходната политичка гарнитура. Тоа не е право, тоа е најобична дискриминација поради таквата припадност и за жал и СЈО потпадна под таквиот став иако очекувањата на јавноста беа сосема подруги. Затоа предлагам судот да донесе одбивателна пресуда ако го прифати ставот на одбраната дека СЈО не е овластен тужител или ослободителна пресуда затоа што јавниот обвинител не докажал надвор од разумното сомневање дека обвинетиот го сторил делото за кое се обвинува“, изјави неговиот бранител во завршните зборови.

Кои беа аргументите на одбраната за ставот дека се води политички процес?

На 26.08.2008 година комисијата извршила јавно отварање на понудите, и по извршената евалуација и консултација со представници од службите кои требаше да бидат корисници на овие автомобили, на 17.09.2008 година донела извештај од спроведената постапка, со предлог за избор на најповолна понуда. Притоа, освен економски најповолната понуда, комисија сугерирала дека е потребно да се изврши набавка со примена и на вториот критериум, со избор на различни видови на ПМВ од различни модели и производители имајќи го во предвид карактерот и содржината на службените задачи и обврски ( конспиративност, доверливост, сигурност).

Постапувајќи по извештајот и предлогот за избор на најповолни понуди донесен од комисијата за јавни набавки, Поповски носи одлука за избор на најповолна понуда. Што друго можел да стори Поповски во врска со оваа одлука? Комисијата за јавни набавки одговорно и целосно си ја извршила својата работа. Таму работеле стручни лица номинирани од раководителите на идните корисници на возилата, како и искусни професиналци од неговата служба, специјалисти за јавни набавки, а тие ја сугерирале и примениле и одредбата од неговата одлука за јавна набавка која се однесува на делливоста на набавката внатре во лотовите.

Сите членови на комисијата за јавни набавки со сведочеа дека ја донеле најдобрата одлука, без никој да им се меша при одлучувањето. Имаше многу логикаво објаснувањата дека 120 “Фиат линеи“ или 150 “Опел астри“ќе привлечат внимание и ќе бидат синоним за цивилни полициски возила. Ги споменаа негативните искуства со препознатливите цивилни полициски возила во Македонија, но и во странство. Од друга страна, напоменаа дека од корисниците добиле барања и за караван возила, за возила кои се моноволуменски или пак седани со одвоен багажен дел.

Поповски одлучил на барање и во полза на полицијата

Во таков еден амбиент Поповски ја донел одлуката за избор на најповолна понуда во која било целосно прифатен предлогот на комисијата за јавни набавки. За оваа одлука биле известени сите понудувачи за целиот избор. Еден од понудувачите кој воопшто не бил рангиран поднел и жалба со која ја нападна одлуката воопшто да небиде рангиран, но и одлуката да се врши поделба на изборот внатре во секој лот. Одлуката на комисија за жалби по јавни набавки при владата на РМ беше дека жалбата се одбива како неоснована и дека постапката е спроведена со доследна примена на одредбите на Законот за јавни набавки. На тој начин, единствениот надлежен орган за оцена на законитоста на постапката ја потврди истата и дала конечен легитимитет на одлуките на Комисијата за јавни набавки и на одлуките на Ѓоко Поповски.

Со оваа одлука, на обвинетиот му се даде зелено светло да отпочне со склучување договори со избраните понудувачи и да се продолжи со реализација на набавката, која и беше во следните неколку месеци реализирана со предавање на возилата, а во следните 36 месеци со плаќањето на возилата на добавувачите.

На тој начин се реши еден горлив проблем за нормалното функционирање на МВР со успешен модел на плаќање, а се во рамките на предвидениот буџет за таа намена.

Клиентелистичкиот суд гледа „злоупотреба“ без намера и без материјална корист

Заклучокот е јасен. МВР добило возила кои и да биле нешто поскапи, вределе за својата цена, возила кои реално му биле потребни, возила од разни модели и изведби, такви возила какви биле побарувани од корисниците и кои биле евидентирани како потребни. Затоа МВР ги набавило и платило возилата кои му биле реало неопходни и кај МВР не може да постои штета. На пример, за МВР непходни биле караван возила за увидните екипи да ја превезуваат полесно својата опрема, па 30 такви возила и се набавиле иако тие возила биле нешто поскапи од обичните седан или хечбек возила кои се нуделе на тендерот. Не треба посебно да се објаснува дека далеку по практични за таа намена биле набавените караван возила, од возилата “опел астра“. Исто така, сосема разбирливо и логично е дека на службите на МВР им требале разни видови на возила за да не бидат препознатливи како цивилни полициски возила, па затоа се купени разни модели и марки на возила.

СЈО тврди дека се привилегирале продавачите на возилата кои не биле прворангирани, но не се вели дека на нив им била прибавена имотна корист. Во обвинението не се тврди и дека на прворангираните продавачи на возила им била нанесена штета. Тие всушност во текот на постапката и не кажаа дека им е нанесена штета и дека предјавуваат имотно правно побарување.

Сето ова води кон правната анализа и испитувањето дали во дејствијата на обвинетиот се содржани елементите на кривичното дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од КЗ.

Така, на прв поглед се забележува дека кај обвинетиот не постои умисла за сторување на кривичното дело. За постоење на ова кривично дело треба кај сторителот да постои директна умисла. Не се докажа дека кај обвинетиот постои намера со донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда во овој тендер, на МВР му нанесе штета. Поповски го прифаќа ставот на професионалците од комисијата за јавни набавки, многу покомпетентни од него за процена на реалните потреби на организационите единици во МВР, за видовите на возила.

Во теоријата е познато дека службената положба е искористена кога службеното лице ги користи службените овластувања делувајќи спротивно на потребата и интересите на службата за да оствари некој свој или туѓ интерес. Поповски не делувал спротивно на потребите и интересите на службата и не остварил ниту свој ниту туѓ интерес.

Затоа во неговите дејствија не се содржани елементите на кривичното дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“. Ставот на обвинителството по повод постоењето на елементите на ова кривично дело е погрешен и не навлегува во суштината на ова кривично дело.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.